Вучиќ не попушта ќе има полициски час во Србија и викендов

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ смета дека коронавирусот е многу поголемо зло отколку што мислел на почетокот од појавувањето на оваа зараза. Затоа нема да попушти во битката со пандемијата и полициски час во Србија ќе има и викендов.

-Оваа болест го напдна нашето опшество, економијата, нашите стари лица. Замислите кога ќе влезе вирусот во старечките домови. Бројот на жртвите сигурно ќе биде двоцифрен. Со воведените мерки и дисциплината успеавме да ги сочуваме нашите граѓани, пред се нашите родители. Лесно е да се зборува кога се ќе помине. По секоја битка сите се генерали. Кога треба нешто да се направи ги нема се кријат за да не понесат одговорност – рече Вучиќ и потврди дека нема намера да попушти во битката со коронавирусот.

-И следниов викен ќе биде на сила полицискиот час. Се слушам и консултирам со лекарите и тие се за тоа забраната за движење да се продолжи за уште две недели, посебно за време на викендите, бидејќи ќртвите кои ги имаме сега се последица на викендите од пред 21 ден – додаде Вучиќ

 

Треба да знаете
Последни објави