Словенечкиот производител на бела техника „Горење” ќе отпушти 2.200 работници поради кризата предизвикана од пандемијата со новиот коронавирусот, јави Радио телевизија Словенија (РТС).
Одлуката за отпуштање на работниците е донесена на синоќешниот вонреден состанок на претставниците на „Горење”, со образложение дека намалува побарувачката поради пандемијата.
- Од вкупно 2.200 работници кои же добијат отказ, илјада ќе бидат во Словенија, а останатите филијалите во други земји,изјави претставникот на Синдикатот на „Горење”, Жан Жеба.
Минатиот април, во компанијата работеа 9.300 луѓе, пренесува РТС.
„Горење” е еден од најголемите словенечки извозници, и има фабрики во Србија и во Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземена од кинеската фирма „Хисенсе”.