„Дали по истекот на лиценцата на единствениот овластен инспектор за градење на 01.03.2020 година, во општината се уште не е назначен овластен инспектор за градење? Нефункционирањето на градежната инспекција може да доведе до потенцијално бесправно градење.
Граѓани реагираат и за објект во изградба, за кој во 2016 година е донесено Решение за уривање, а во 2020 година е доделена дозвола за градење. Велат дека за овој случај упатиле претставка до општината Гази Баба и до Државниот инспекторат за градежништво, но се уште немаат одговор од надлежните институции# велат од ДОМ.
ДОМ бара од општина Гази Баба, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и другите надлежни институции да постапат согласно своите ингеренции и да обезбедат доследно почитување на законските прописи.