Загреб повторно се стресе

Загреб во 9.52 часот повторно се стресе. Овој потрес траел неколку секунди. Се треселе зградите во целиот град, а многу граѓани го почувствувале овој земјотрес и ги напуштиле своите домови.

Според Евромедитеранскиот земјотресен центар магнитудата на најновиот потрес во Загреб изнесувала 3,5 степени по Рихтер. Засега подетални информации за евентуални штети не се соопштени.

Пред еден месец централното подрачје на хрватската престолнина загреб беше погодено од силен земјтрес кој предизвика материјални штети кои деновиве се проценети на 5,5 милијарди евра.

 

Треба да знаете
Последни објави