Србија досега има евидентирано 7276 заразени лица со коронавирус, 139 починати и 1063 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
-Во изминатите 24 часа, тестирани се 2688 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот продолжува да се намалува и тој изнесува 162 лица, со што вкупно во Србија со Ковид 19 заразаени се 7276 граѓани, изјави на владината прес конференција покраинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ.
Вкупниот број тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 51.324 лица, а досега се излечени 1063 пациенти.
Се намалува и бројот на хоспитализирани во Ковид болниците, каде се сместени 3477 пациенти, како и бројот на пациенти со влошена клиничка слика кои се ставени на респиратор-96 лица.
Во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, четри мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 139 лица, изјави Гојковиќ.
Во Србија вкупно 622 здравствени работници се позитивни на вирусот.
Во Србија има околу шест отсто заразени во однос на бројот на тестирани, кажа Епидемиологот Предраг Кон.
-Повеќе немаме сериозно жариште, секаде се под 15 проценти заразени, а во повеќето делови на Србија под 10, и Војводина се гаси, и Белград исто – нешто над шест проценти, забележа Кон.
Тој сублимирајќи ги денешните податоци, оцени дека Србија полека почнува да излегува од интензитетот на епидемијата, дека се намалуваат инцицдентните ситуации и дека за две недели ќе се премине кон поединечно откривање на заболените.
-Резултатите покажуваа дека излегуваме од кризата, а времето ќе покаже дали ова се должи на превземените мерки или на слабеење на вирусот. Ние сме на почеток на епидемијата, и ако се погледне нејзиното ширење на јужната хемисфера, можно е враќање на вирусот. Затоа мора да ги сочуваме капацитетите, етапно да ги забавуваме мерките, кои нема наеднаш да ги прекинеме за да се вратиме на нормалниот живот.
Во Србија на сила е забраната за движење од 18 до 5 часот, а претседателот Александар Вучиќ најави дека таа ќе важи и овој викенд -од 18 часот во петок до 5 часот во понеделник.