Идните учесници на европските клупски натпреварувања ќе бидат утврдени само врз основа на резултатите што ги постигнале во соодветните национални првенства, доколку тие не успеат да завршат.
Конкретно, ќе се погледне кој тим колку поени има освоено од соодветниот број на натпревари, затоа што не секаде се одиграни ист број на натпревари.
Ова беше решено на денешната средба на Извршниот комитет на УЕФА, пренесува „Тајмс”. Ова значи дека се елиминирана можноста да се утврдат учесниците според клупските коефициенти.
Во последните денови се разговараше за опцијата да не се води сметка за пласманот на тимовите во моментот кога е прекинато првенството, туку да се гледа коефициентот на секој клуб.