(Фото) Опасни игри на скопските малолетници: Се собираат на кровови на згради и прават селфи

Скопските малолетници најдоа нов начин за дружење и избегнување на казните за недозволеното групирање. Од денеска со одлука на Владата за олеснување на мерките, младите добија дозвола за излез од 13 до 19 часот.

Инвентивноста на младите го помага и убавото време, па дел од нив забава најдоа на кровот од зграда во Капиштец. Камерата на 24 Инфо забележа четворица малолетници на покривот на една зграда на улицата Васил Ѓоргов.

Дружењето на кровот го користат и за фотографирање, кое може да биде опасно.

Бидејќи министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев најави дека полицијата ќе користи дронови за снимање на теренот во борбата против коронавирусот, се чини дека е вистинско време беспилотните летала да почнат да го надлетуваат Скопје.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави