Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас, ги повика клубови да бидат „потивки” во претстојниот преоден рок.
– Заборавете на трансферите како тие од порано! Мислете на тинејџерите и на момците, кои биле отстапени, рекол Тебас во еден од разговорите со клупските претставници, цитиран од „АС”.
Пандемијата се очекува да доведе до намалени буџети за трансфери низ целиот свет.
Сè уште не е јасно кога ќе биде преодниот рок летово бидејќи првенствата се прекинати и неизвесна е нивната судбина.