Министерот за образование и наука Арбер Адеми е нагативен на КОВИД 19. Тој денеска на Фејсбук профилот објави дека е негативен првиот тест што им бил направен. Адеми им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.
– Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра, напиша Адеми.
Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на КОВИД 19.