Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во САД денеска надмина 48.000, со просечно дневно зголемување на бројот на жртви од околу 2.000 во април.
Според светките агенции, со оваа брзина, до крајот на неделава во САД од Ковид-19 ќе починат повеќе од 50.000 луѓе.
Вкупниот број заразени досега се доближува до 850.000, но денеска допрва треба да бидат објавени новите случаи во многу држави. Вчера беа пријавени повеќе од 30.000 новозаразени, што е просечно дневно зголемување за месецов.
Покрај зголемениот број жртви, во САД продолжува да се зголемува и невработеноста. Во последните пет недели повеќе од 26,5 милиони Американци побарале помош за невработени.