Вернер се согласи да се пресели во Ливерпул ако платат обештетување од 52 милиона фунти

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер е подготвен да ја продолжи кариерате во Ливерпул.

Дваесет и четиригодишниот Германец се согласи да замине во англискиот клуб доколку „црвените” ја платат сумата за негово обештетување од 52 милиони фунти, пренесува „Скај Спортс”.

Исто така, одлуката на напаѓачот може да влијае од тоа дали тренерот на премиерлигашот Јирген Клоп ќе го убеди дека редовно ќе игра.

Како и да е, Ливерпул не планира да започне преговори за Вернер, додека опцијата за висината на надоместокот останува активна. Оваа клаузула во договорот важи до 15 јуни 2020 година.

Претходно беше објавено дека Баерн исто така покажува интерес за играчот.

Вернер постигна 27 голови за Лајпциг оваа сезона. 

Треба да знаете
Последни објави