Најмалку шест лица загинаа откако речиси 22 торнада пројурија низ јужниот централен регион на САД, уништувајќи се пред себе, пренесува РТ.
Три лица загинаа, а околу 20 беа повредени во страшното торнадо во Оналаска, Тексас, што се наоѓа на околу 90 милји северно од Хјустон. Двајца други загинаа во силното невреме во јужна Оклахома, а еден загинат има во Луизијана.
I shot this video from just NW of Paris pic.twitter.com/9XbGa2Wryn
— Lonnie Norton (@CoachLNorton) April 23, 2020
Националната метеоролошка служба го потврди присуството на големо и исклучително опасно торнадо кое се спуштило 18 часот по локално време. Видеото снимено од очевидци ја покажува целата моќ на колосалниот вител додека се формирал и пустошел во регионот.
Дополнителни снимки го покажуваат степенот на штетата на местото на најсилниот удар.
Екипите за пребарување и спасување пребаруваат низ остатоците од цели населби во потрага по жители кои можеби не успеале да се евакуираат навреме.
„Во тек е потрага и спасување, а засега имаме 20-30 повредени и три смртни случаи“, се вели во изјавата на Службата за управување со итни случаи во округот Полк.
Околу 9000 луѓе останаа без електрична енергија според обласната електроенергетска компанија, која рече дека торнадото им нанело екстремна штета на далноводите и дека е нејасно колку долго ќе биде потребно за екипите за да ја вратат електричната енергија.
Во меѓувреме, невремето ја погоди и Оклахома со таква сила што една сканија била превртена настрана.
Looks like a tornado just went through south of jet stream casino on I-35 @MikeMorganKFOR @kfor pic.twitter.com/nhT74ZcBIB
— Micah Wall (@micahwall16) April 22, 2020
Снимките прикажуваат торнадо кое го уништува градот Медил. Торнадото удрило во време кога луѓето се враќале од работа од два производствени погони.
Уште едно торнадо е потврдено во Јаспер, Тексас во близина на границата со Луизијана. Една жена, наводно, починала како резултат на силното невреме во Луизијана. До 22.30 часот по источно време во средата вечерта забележани биле вкупно 21 торнада во Тексас и Оклахома.