Во Африка во текот на минатата недела е регистриран пораст на бројот на заразени со коронавирусот за 43 отсто.
Светската здравствена организација предупреди дека африканскиот континент може да стане ново жариште на епидемијата.
Директорот на африканскиот Центар за контрола и превенција на болести Џон Нкенгасонг изјави дека Африка има многу ограничени можности за тестирање, како и дека очекува понатамошен пораст на бројот на заразени.
Тој предупреди дека вирусот би можел да убие повеќе од 300.000 луѓе во Африка, као и да турне во сиромаштија околу 30 милиони жители. Нкенгасонг смета дека Африка се уште има можност да го спречи ова сценарио, но оти тестирањето и следењето на контактите се од клучно значење.