Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за јавно здравје денеска започна да спроведува пролетна дератизација за уништување на глодачи на својата територија.
Со дератизацијата во сите месни и урбани заедници ќе бидат опфатени 3863 шахти.
Локалната самоуправа секоја година напролет и наесен врши дератизација.