Макрон повикува на солидарност со најзагрозените членки на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон, по денешната видео конференција на европските лидери, оцени дека европскиот одговор на хаосот кој го предизвика пандемијата на коронавирусот бара и финансиска помош, а не само кредитирање.

Иако несогласувањата околу висината и формата на пакетот помош се уште не се надминати, Макрон оцени дека пакетот економска помош на ЕУ не би смеел да биде помал од пет до 10 отсто од бруто производот.

Францускиот претседател додаде дека европскиот проект нема иднина доколку земјите членки не одговорат соодветно на „исклучителниот шок” кој го предизвика пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави