Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи објави дека е негативен на тестот за корона вирусот, откако од 16 април е во самоизолација
– По една недела во самоизолација првиот тест за Ковид-19 е негативен. Како што се препораките, останувам во карантин се до резултатот од второто тестирање, објави Османи на Фејсбук.
Тој пред една недела го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник (21 април) за да направи тестирање на Ковид-19.
Ваквата мерка следуваше откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, по средбата со Османи и Спасовски објави дека е позитивен на тестирањето.