Приведени 45 лица за непочитување на забрана за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (22/23.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 66 лица не ја почитувале забраната за движење,  при што приведени се  45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

 

Треба да знаете
Последни објави