Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.645.784 лица. Од нив починале 184.327, а оздравеле 723.297 луѓе.
Бугарија – Во државата има 1.81 потврден случај на заразени. Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 66 случаи од кои 29 се хосппитализирани. Кај медицинскиот персонал има 12 позитивни на вирусот. Заразени се и 39 деца од кои 22 под 10-годишна возраст. Излекувани се 190 пациенти, додека вкупно се починати 50. На интензивна нега се 37 луѓе.
Украина – Во текот на изминатите 24 часа, украинските медицински лица регистрираа 578 нови лица заразени од коронавирусот, што е најголем пораст од почетокот на кризата. Така, вкупниот број на пациенти од Ковид-19 во земјава достигна 7.170. Смртните случаи се 187, а излекувани се 504 пациенти.
САД – Две мачки стануваат први миленичиња позитивни во коронавирус во САД, објави Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Двете мачки се од различни делови на државата Њујорк, и имаат благи респираторни проблеми, се очекува целосно да закрепнат. ЦДЦ посочува дека нема докази дека миленичињата играат улога во ширењето на вирусот во САД и не препорачуваат рутинско тестирање на животните во ова време. Оваа агенција ги советува сопствениците на животни да не дозволуваат интеракција со други луѓе или животни надвор од домаќинството. Мачките треба да останат во домот, а кучињата треба да одат на поводник, најмалку два метра оддалечени од други луѓе и животни.
Мексико – Бројот на заразени во Мексико надмина 10.000 додека 970 луѓе починаа како резултат на заразата. Мексиканските здравствени експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот се интензивира.
Британија – Владата на Велика Британија планира да спроведе тестирање во 20.000 домаќинства за да утврди колку е распространет Ковид – 19 ширум земјата. Прво, 20.000 домаќинства низ цела Англија ќе бидат тестирани, а подоцна ќе се прошират на 300.000 домаќинства во Велика Британија во текот на следните 12 месеци.
– САД достигна 849.092 случаи и дури 47.681 смртни случаи. Шпанија има 209.389 случаи и 21.717 смртни случаи, Италија 187.327 случаи и 25.085 починати. Следува Франција со 159.877 случаи и 21.340 смртни случаи. Велика Британија има регистрирано 133.495 случаи и 18.100 мртви. Највисока смртност во последните 24 часа имало во САД (1.831), Велика Британија (763) и Франција (544).
– Бројот на смртни случаи во Германија од коронавирусот надмина 5.000 по зголемување од 215 смртни случаи во последните 24 часа. Покрај тоа, забележано е зголемување за 2.352 новозаразени во истиот период, а вкупниот број заразени луѓе сега изнесува 148.046. – Германија е се уште на почетокот на пандемијата на Ковид-19 и ќе мора да се живее со него некое време, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. „Ние не сме во завршна фаза на пандемија, туку на почетокот. Времето ќе го искористиме за зајакнување на германскиот здравствен систем”, рече Меркел во Долниот дом на Бундестагот.
– Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека пандемијата е хуманитарна криза која може брзо да стане криза за човековите права. Тој рече дека пандемската криза може да им даде на властите во некои земји изговор за употреба на репресивни мерки кои не се поврзани со пандемијата. Во видео порака, Гутереш рече дека има дискриминација кога станува збор за обезбедување на јавни услуги во борбата против Ковид 19 и дека има „структурни нееднаквости што се закануваат на пристап до неа”.
Гутереш рече дека пандемијата предизвикала непропорционални последици за одредени заедници, пораст на говорот на омраза, таргетирање ранливи групи. Тој предупреди дека „со подемот на етнонационализмот, популизмот, авторитаризмот и унапредувањето на човековите права во некои земји, кризата дава изговор за усвојување репресивни мерки за цели што немаат никаква врска со пандемијата”.
Таа исто така рече дека Светската здравствена организација е неопходен партнер за Германија и дека ќе ја поддржи работата на организацијата.