Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.668.644 лица. Од нив починале 186.316, а оздравеле 730.987 луѓе.

– Британските власти објавија дека започнуваат голема научна студија, со која ќе бидат земени примероци од многу луѓе во земјата за да се утврди присуството на антитела на коронавирусот. Според Министерството за здравство, до 300.000 луѓе ќе учествуваат во програмата за една година. Целта на студијата е да се утврди вистинските бројки на ширење на вирусот во Велика Британија.

– Десетици демонстранти започнаа да се собираат во Тбилиси со барање за укинување на вонредната состојба воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот, како и сите забрани во моментот во Грузија, јави грузиската телевизија Рустави-2. Вонредна состојба е во сила од 21 март. Во средата Парламентот ја продолжи до 22 мај. Бројот на заразени Грузија е 420, а 107 се излекувале. Во Грузија има 5.200 лица во карантин и 584 во болници.

– Хрватска ќе почне постепено да ги олеснува рестриктивните мерки во борбата против коронавирусот, што ги воведе пред еден месец, со отворање на повеќе продавници и започнување јавен превоз следната недела, рече премиерот Андреј Пленковиќ. Земјата е блокирана од средината на март, оставајќи ги само отворени продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи. Досега има регистрирано  1.981 случај и 50 смртни случаи.

– Индонезија утре привремено ќе забрани домашни и меѓународни летови и поморски транспорт, со некои исклучоци, за да спречи ширење на коронавирусот, соопштија денеска претставници на Министерството за транспорт. Забраната за летање ќе биде во сила до 1 јуни додека забраната за патување по море ќе биде на сила до 8 јуни.

Треба да знаете
Последни објави