Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека резултатите од тестот на коронвирус е негативен, исто како и на министрите Бујар Османи и Арбр Адеми.
Резултатот од тестот што го добив вечерва е негативен и покажува дека не сум носител на коронавирусот. Согласно препораките на епидемиолозите, останувам и натаму во изолација во домашни услови. Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано.
Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба. Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите.
Апелирам уште еднаш: Секогаш држете 2 метри физичка дистанца, носете заштитни маски и не се групирајте. Останете дома ако не мора да излегувате.
Да ги почитуваме мерките!
Секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала. Останете внимателни.
Ви благодарам за поддршката!
https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1560657187445232?__xts__%5B0%5D=68.ARDAtW6j9YvB3bXzm-xO0XLBxfEcHuQJNHCVHjY83cLv0cfP9OkD-PPJaPwzNA1qylMANc-gxqlcdw-uwWdcPHAqusxqumUMqILKTSdYeH17i1WchUAKNBeMAg6W-VRk3NwMJQoFDwcKD3FyYmASTGmCAg31uHHvcxNst_PXjsjR8bufOdta6KVvbGQ9kDAZ3krDhEEH8NIZI0rDzmyUROt3xOnIqvEyoPitM03yFTX9tii9Vml8I39FfNxvnAkFUYTA_MTLVm_jY8wHNpQNq49NXJ1ghyaiQGlwz-FIkURBR9RpDY05bxWwAO7Th4ujP8ngUR2dZF11VQLzTdyi6A&__tn__=-R