Малолетник на возраст од 17 години синоќа во 23.10 часот за време на полициски час бил затекнат од страна на полиција како извршува тешка кражба во продавница на улицата „АСНОМ”. Полицијата констатирала дека од објектот се одземени пари и цигари.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека полицијата ги вратила парите и цигарите на сопственикот, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Таа информира дека синоќа на подрачјето на СВР-Штип за време на полицискиот час пет лица не го почитувале, од кои двајца се малолетници, и се приведени.
Полициските службеници извршиле 74 контроли кај лица во изолација и кај 227 лица кои се во самоизолација.