Речиси девет од десет Грци, односно 88 отсто и по укинување на рестриктивните мерки ќе продолжат да ги мијат рацете 20 секунди, а 76 проценти ќе избегнуваат места каде што се прави гужва, како што се концерти, големи настани и сл, додека пак 53 отсто ќе држат растојание од два метри, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Interview”, јави дописничката на МИА од Атина.
Според анкетата, 78 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот најмногу се присутен во јавниот превоз, 54 отсто на површините како што се кваки, јавни прекинувачи и сл, 48 проценти во супермаркетите, а тројца од десет рекле во работните простори.
Од анкетираните било побарано од еден до десет да ја оценат позицијата на Грчкиот Премиер и лидерот на СИРИЗА за време на пандемијата, а според резултатите, Кирјакос Мицотакис добива оценка 8,3, а Алексис Ципрас 4.
Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Interview”, било спроведено од 14 до 20 април 2020 година, со анкетирани 905 лица.