Сопствениците на домашните миленици долго време беа загрижени дали милениците можат да заболат од новиот коронавирус, но сега е потврдено дека домашните мачки можат да бидат инфицирани и да имаат симптоми на Ковид-19.
Две домашни мачки во Њујорк биле позитивни на тестот за Ковид-19 откако покажале благи респираторни заболувања, соопштија Министерството за земјоделство (УСДА) и Центарот за контрола и превентивни болести (ЦДЦ) во САД.
Мачките не се од исто семејство. Не е потврдено и дали некој од луѓето што живееле со првата мачка биле позитивни на Ковид-19. Се претпоставува дека мачката се заразила од семејството, кој бил без симптоми.
УСДА и ЦДЦ апелираа до луѓето да не ги напуштаат своите миленици, бидејќи како што е истакнато, нема докази дека домашните миленици можат да го пренесуваат вирусот. Наместо тоа, препорачуваат мачките да бидат во затворени простории каде е можно.
Тоа не се првите животни во САД што се заразени со новиот коронавирус. Претходно тигар во зоолошка во Њујорк беше позитивен на Ковид-19. И во Хонг Конг мачка била позитивна на Ковид-19, но не покажувала симптоми.