За ВМРО-ДПМНЕ Собранието и демократијата се најголем проблем, заглавена со Мицкоски во антидемократската фаза

Иницијативата на претаниците за свикување на седница  во Собранието на Република Северна Македонија е демократски порив. Да се потврдат одлуките на Претседателот на државата и да биде во функција и контрола на извршната власт. Така е тоа во секоја демократија.
СДСМ покажува демократски капацитет и во време на криза, нема проблем Владата да биде контролирана од Парламентот. Собранието е домот на демократијата, каде избраниците на народот го имаат последниот збор. Но, тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ. Со одбивањето на оваа иницијатива, опозициската партија покажа дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.
Единствена партија за која Собранието е најголем проблем. Единствена опозициска партија која не сака да се свика собранието. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, останува заглавена во својата антидемократска фаза во која Собранието останува нивен непријател.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е против силен и независен законодавен дом, против претставниците на граѓаните. Навикнати од времето на режимот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да имаат контрола над се, на секој институција во државата.
Ова е уште еден доказ за деструктивното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави