Музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ имал идеја да ги прикаже животите на познати личности во карантин, но берлинскиот огранок на оваа светски позната атракција, секако, не мислел дека со својата постава ќе налути многумина.
На пример, поп-ѕвездата Кети Пери (35) подготвува ручек, а холивудскиот актер Џорџ Клуни (58) одмора на лежалка. Иако сe само восочни фигури, на публиката не и се допадна таа стереотипна поделба на улогите.
Посетителите на музејот пишуваат дека сè изгледа како разгледница од 50-тите години на минатиот век и дека на таквиот сексистички поглед на секојдневниот живот дефинитивно не му е место во еден музеј.
Пери во музејот е прикажана и како пече колачи, па во бројни негативни коментари заклучија дека сè не е случајно, туку од музејот им намениле некоректни улоги на ликовите.