По Димитриевски уште еден член на кумановскиот кризен штаб тврди дека е негативен

По градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој попладнево објави дека е негативен на коронавирус, иако пред една недела беше објавено дека тој и деветмина членови на кризниот штаб се заразени со коронавирусот, уште еден член на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово тврди дека е негативен на Ковид19.

Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски на својот Фејсбук профил напиша дека направил два теста на коронавирусот, кои покажале не дека не бил заболен, туку и дека воопшто не бил во контакт со лице заболено од Ковид19.

https://www.facebook.com/goran.stojanovski.3557/posts/1923579994443860

Треба да знаете
Последни објави