Романската фудбалска федерација сака да ја заврши сезоната со одигрувањето на натпреаврите на теренот. Клубовите од оваа земја кои паузираат поради пандемијата со коронавирусот имаат идеа да го реализираат доигрувањето надвор од својата држава. Тие на видеоконференциска седница се согалсиле сите да се преселат во турскиот центар Анталија и таму да го играат превството до крајот, што би ги чинело 2 милиони евра.
Во турскиот спортско туристичкиот центар Анталија, клубовите најнапред би рерлизирале две-три недели подготовки, а потоа би почнале со одигрувањето на средбите.
Во овој период од годината хотелите во Анталија се речиси празни, а секој хотел има свој тренинг комплекс, но проблем е тоа што одредени терени не ги исполнуваат условите за ТВ преноси.