Северина го исполнила основниот услов да добие минималец од државата

Во Хрватска ќе биде објавен списокот на компании кои бараат исплата на минимална плата, а конечниот број е околу 87.000 компании, занаетчии и независни професии за приближно 470.000 работници.

Сите лица што поднеле барање ќе добијат или веќе добиле 3250 куни (430 евра) за секој регистриран работник за март.

Неофицијално, дознава Вечерњи, на списокот се наоѓа и Северина, чија професија која се води како самостојна, и паднал за повеќе од 20 проценти приходот и таа побарала помош од владата за да и ја исплати платата.

 

Треба да знаете
Последни објави