Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јапонскиот округ Нагано.
Не е издадено предупредување за појава на цунами.
Земјотресот бил почувствуван и во соседните окрузи Гифу, Јаманаши и Шизука. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.