Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Јагода Шахпаска
Исплатата на пензиите во нормална држава треба да е нормална работа. Само во Македонија со СДСМ, исплатата на пензии е партиски маркетинг. СДСМ е единствена партија која што наместо власта зборува за редовна исплата на пензија како блесок. Заев и СДСМ ја доведоа во опасност исплатата на пензии, а 320.000 пензионери стравуваат за своите пари.
СДСМ заборава да каже дека ја задолжува државата за да исплати пензии на пензионерите.
СДСМ заборава да каже дека ги задолжи граѓаните за да исплати пензии, само и само за собирање на дневни партиски поени. СДСМ заборава да каже дека долгот на државата за исплата на пензиите денес, утре ќе го враќаат граѓаните, а не СДСМ.
СДСМ во своето владеење без визија ја уништи македонската економија, ги намали пензиите укинувајќи го нивниот раст кој што би го следел растот на платите.
СДСМ лани го преполови вториот пензиски столб, одземајќи ги заштедите на граѓаните за полнење на пензиската дупка, а сега се задолжува за пензии, за да купува социјален мир, во услови кога фирмите и работниците остануваат без работа и пари за плата и полнење на огромната буџетска дупка.
СДСМ заборава, но граѓаните знаат и паметат. СДСМ се виновни за сите порази, криминали и деструкции во Македонија.
За сето тоа СДСМ ќе понесе одговорност по смена на власта.