Во Дубаи, кафулињата и рестораните почнуваат да работат со капацитет од 30 отсто

Властите во Дубаи одобрија дека кафулињата и рестораните, како и трговските центри, можат повторно да започнат со работа, но со капацитет од само 30 проценти.

Сепак остануваат рестриктивните мерки, така што работното време за рестораните и трговските центри е ограничено од пладне до 22 часот, наведува „Ројтерс“.

Канцеларијата за односи со јавност во Дубаи, исто така, најави дека градот размислува од 26 април повторно да започне јавниот градски превоз, вклучително и метрото.

Треба да знаете
Последни објави