Андерсон: Рецесијата во Шведска може да биде најтешка од Втората светска војна

 Падот на шведската економија би можел да предизвика најлоша рецесија од Втората светска војна, се наведува во денеска објавени владини прогнози. Според нив, намалувањето на БДП може да биде 10 проценти.

Шведската Влада веќе вети дека ќе потроши 100 милијарди круни (9,9 милијарди долари) за борба против последиците од епидемијата на коронавирусот врз економијата.

Министерката за финансии Магдалена Андерсон, исто така, понуди заеми и кредитни гаранции во вредност од 550-600 милијарди круни.

– Владините расходи нема да ја спречат економијата да се намали повеќе од 4,2 процента, како што покажува главното сценарио, истакна Андерсон кон средината на овој месец.

Според неа, падот може да биде меѓу 4,2 и 10 отсто.

Намалувањето на бруто домашниот производ од над четири проценти ќе биде најлошиот резултат за шведската економија од 1940 година, кога се намали за 10 проценти поради Втората светска војна.

Покрај владините мерки, централната банка исто така внесува пари во финансискиот систем за да спречи недостиг на ликвидност и кредитирање.

Треба да знаете
Последни објави