Бијонсе донира 6 милиони долари за организации што се занимаваат со ментално здравје

Американската поп и аренби пејачка Бијонсе (38) донира 6 милиони долари на менталните институции кои се во криза за време на коронавирусот.

За време на пандемијата на коронавирус, многу познати личности се трудат да им помогнат на хуманитарните организации, а Бијонсе не е исклучок.

На 23 април, Бјонсон објави дека ќе донира 6 милиони долари за поддршка на организации што честопати се заборавени за време на коронавирусот, притоа мислејќи на организации и работници кои се грижат за менталното здравје.
Во изјавата се вели дека таа се здружила со УКЛА и сопственикот на Твитер, Џек Дорси (43), за да собере 6 милиони долари за организации што даваат ментални здравствени услуги.

https://www.instagram.com/p/B_WGP2Znbm7/

Нејзината фондација „Бејгуд“ објасни зошто сакаат да ја поддржат токму таа гранка на здравството.

„’Бејгуд’ ја препознава важноста на менталното здравје што сега е запоставено за време на пандемијата на ’Ковид-19’. Во нашите поголеми градови, афроамериканското општество има нерамнотежа во бројот на работници, така што ќе им треба и лична и ментална поддршка, вклучувајќи тестирање и медицински услуги, снабдување со храна и испорака на храна, за време и по кризата“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави