Бразилските власти апелираат до медиумите да не шират страв прикажувајќи безживотни тела

По телевизискиот прилог за масовна гробница недалеку од градот Манаус во бразилската џунгла, секретарот на бразилската влада, генерал Луис Едуардо Рамос ги повика медиумите да престанат да емитуваат прилози што содржат мртовечки сандаци и безживотни тела на жртви на Ковид-19, објави британски „Гардијан“.

Прекумерното емитување на сцени со смрт и негативни вести шири страв кај луѓето во Бразил, земја во која досега починаа повеќе од 45.000 луѓе од „Ковид-19“.

„Мртовечки ковчези во утринските, попладневните и вечерните вести. Ве прашувам сите: Како се чувствува една постара дама, сиромашен или некој друг загрозен граѓанин на Бразил кога ги гледа овие сцени? Тоа сигурно не им помага“, рече Рамос.

Во прилогот емитуван на бразилската телевизија, градоначалникот на еден град во Амазонија плачеше за време на интервјуто, велејќи дека медицинските професионалци биле ставени во ситуација да мора да одлучат кој од пациентите со коронавирус да го спасат од смрт.

Треба да знаете
Последни објави