Вардар без борба ќе ја загуби европската титула, Македонија настапот на СП-2021

Македонскиот, регионалниот и сеуште актуелен европски ракометен шампион скопски Вардар, без борба на паркетот ќе ја загуби „евро-круната“, а македонската машка репрезентација настапот на завршницата на СП-2021.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) на  денешниот видео конференциски состанок реши, елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите да финишира без осминафиналната и четвртфиналната рунда. Ваквата одлика на Извршниот комитет на ЕХФ значи дека актуелниот европски првак Вардар нема да добие шанса да ја брани титулата освоена во изминатата сезона. На завршниот турнир во келн кој е презакажан за 28 и 29 декември годинава ќе патуваат две првопласирани екипи од лигашкиот дел во групите А и Б : Барселона, ПСЖ,  Кил и Веспрем.
Вардар се пласира во настапот во групната фаза од Лигата на шампионите во осминафиналето каде за противник требаше да го има унгарскиот ПИК Сегед.
Како образложение, за ваквата одлука челниците на ЕХФ го наведуваат новиот спонзорски и телевизиски договор за машката Лига на шампиони, со кој е невозможно мечевите од елиминациската рунда да се играат есенва, поради згуснатиот календар.
ЕХФ до овој заклучок дојде откако оцени дека има многу натпревари во јуни и дека голем број од истите треба да бидат одложени или откажани, а меѓу нив се и репрезентативните квалификациски – бараж дуели. Што се однесува до баражите за СП 2021, во кои Македонија требаше да игра со Франција, истите се откажани, а патниците за мундијалот во Египет се именувани според пласманот на последниот европски шампионат (Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција), заедно со веќе пласираните Шпанија, Хрватска, Норвешка и Данска.
Треба да знаете
Последни објави