Онлајн обложувањето ќе биде една од точките што ќе ги разгледува Владата на седница, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Станува збор за иницијатива, како што објасни, на која се работело во изминатиот период, и пред корона-кризата. Иницијативата не е нешто ново, зашто и постојното законско решение содржи одредби и членови за онлајн игри на среќа, вклучиелно и онлајн обложување.
На ваквото решение, за онлајн обложување, според Ангеловска, треба да се гледа од два аспекта, првиот е што во оваа индустрија работат 8.000 лица, а вториот е подобрување на регулативата.
-Ова е во постојното законско решение, но се уште не беше имплментирано во пракса. И пред кризната состојба беа изработувани компаративни анализи, бидејќи речиси сите земји го имаат овозможено. Ова е од една страна важно во овој период од апсект дека 8.000 лица работат во индиустријата, а од друга страна е нешто што би било имплементирано во насока на подобрување на регулативата. И така треба да се гледа. Доколку е контролирана средината, ако имаме јасна и прецизна регулатива, ќе можеме да се справиме со проблемот, односно физичките локации кои се почесто ги има на упалтно-исплатните места, нагласи Ангеловска, одговорајќи на новинарски прашања.
Рече и дека околу 40 милиони евра се прибираат по основ на посебната давачка од оваа индустрија. Дополнително, треба да се земе предвид и персоналниот данок на доход од игрите на среќа кој учствува со околу 10 отсто од вкупно прибраниот персонален данок.
-Во вонредна состојба нови решенија ќе бидат воведувани. Треба да се обидуваме да наоѓаме начини за адаптирање на многу процеси и да носиме одлуки кои сметаме дека се соодветни за доброто на државата од секој апскет, рече министерката Ангеловска.