ВМРО-ДПМНЕ: Само триесетина од 120 пратеници ја поддржуваат противуставната борба за фотелја на Заев

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

„СДСМ е единствената партија во светот чиј лидер спасот од одговорност го гледа во борбата за фотелја наместо во борба за здравјето на граѓаните.

Додека Заев е таков Спасовски пак е единствениот премиер кој поради непостоечки случај на корона се смести себе си во изолација и половина влада. Толку се неспособни што министерот за здравство не може да ја заштити сопствената влада, а камо ли да го заштити народот.

Заев очигледно е подготвен по цена и на животи да се бори за фотелја затоа што така мисли ќе се спаси од одговорност за криминалот.

Тој е подготвен да го крши Уставот и да враќа веќе распуштено собрание што би било уште еден голем преседан и брутално газење на Уставот.

Тоа што само триесетина пратеници ја поддржуваат неговата иницијатива од вкупно 120 покажува дека Заев нема контрола во неговата борба за спас на неговата кариера. Заев да престане да се однесува лешинарски и да ја става кариерата пред здравјето на граѓаните.

Додека македонските граѓани се соочуваат со еден од најтешките моменти од осамостојувањето на Македонија, СДСМ по кој знае кој пат покажа дека не може и не сака да ги стави државните интереси пред личните и партиските. Граѓаните ова го препознаваат и ќе го казнат.“

 

 

Треба да знаете
Последни објави