Матурантите во Австрија на училиште од 4 мај, одделенијата поделени во групи од 11 ученици

Австрискиот министер за образование Хајнц Фасман соопшти дека е донесена одлука да се продолжи учебната година со тоа што матурантите први доаѓаат на училиште од 4 мај, а основците од 15 мај.

На прес-конференцијата, Фасман рече дека уште од самиот почеток на воведувањето рестриктивни мерки за борба против ширењето на вирусот корона, јасна цел е да се вратат учениците што поскоро, не заради оценките, туку затоа што училиштето е место за социјализација.

Фасман посочи дека е направена јасна стратегија, дека постои план што предвидува постепено отворање на училиштата.

Тој рече дека матурантите и учениците од завршните одделенија, околу 100 000, ќе се вратат на училиште од 4 мај, како и занаетчиите.

Освен ако нема пораст на инфекција, што, подвлече тој, е предуслов за сè, почнувајќи од 15 мај започнува втората фаза на враќање во училиштата, а станува збор за ученици од основно и средно училиште, односно деца од 6 до 14 години.

Третата фаза, закажана за 29 мај, се однесува на околу 300.000 учениции, кои се на возраст над 15 години.

Фасман истакна дека е решено одделенијата да се поделат во групи од околу 11 ученици, а тие групи ќе имаат одвоена настава, која ќе биде поделена на половина недела.

Тој посочи дека ќе се изучуваат сите важни предмети, освен физичко.

За време на училиштето, децата ќе треба со нив да имаат заштитни маски, кои не треба да ги носат за време на часовите, но за време на паузата мора да ги носат сите деца над 10-годишна возраст.

Фасман истакна дека учениците кои не можат да одат на училиште од психолошки причини, ќе имаат можност да го продолжат учењето од далечина.

Треба да знаете
Последни објави