Министерството предлага намалување на платите во образованието, предизвикува колапс, не нуди решение

Интегрален текст од прес конференцијата на Халил Снопче, шеф на Политичката академија при Алијанса за Албанците

 

„Најпрвин, дозволете ми на сите припадници на исламската вероисповед да им го честитам месецот Рамазан, посакувајќи им лесен пост и изобилие. Оваа прес конференција ја закажавме за да уште еднаш, како партија, ја сензибилизираме јавноста за фактичката состојба создадена во областа на образованието во време на криза со ширењето на коронавирусот.

Алијансата за Албанците најпрвин ја поздравува заложбата на сите учители, наставници, професори во средното образование и универзитетски професори за нивната посветеност за непречено одвивање на наставниот процес во овие вонредни услови со кои се соочуваат. Изразуваме длабока благодарност за нивната огромна упорност за да колку толку го олеснат процесот на предавање и учење, така што нашите ученици и деца можат да ја одржат својата кондиција во овој процес што е од витално значење за општеството во целина. Свесни сме дека не е лесно да се работи во вакви услови, особено ако сметаме дека целата оваа работа ја прават со самоиницијатива.

Тие не добиле речиси никаква помош од Министерството за образование. Тие се оставени на милост и немилост секој од нив да работи со свои средства. Настават ја изведуваат скоро без никаква стручна обука. Обука е одржана само за мал дел од професорите по информатика, што е само фарса. Наставниците биле оставени на милост и немилост уште пред кризата, но тоа во главно доаѓа до израз во ова време на криза. Нивната работа е дуплирана. Секој од нив е оставен да комуницира со учениците и да избере различни работни платформи за учење од дистанца.

Значи, онлајн наставата, како што се изведувала досега, е направено само благодарение на пожртвуваноста и ентузијазмот на наставниците, а не како резултат на институционална „поддршка“ од страна на Министерството за образование.

Министерството нема никаква информација на својата веб-страница за Ковид-19 и за просветната заедница, ниту за наставниците, ниту за учениците и студентите. Таму нема да најдете информации за наставните методи што треба да се применуваат. Тие едноставно  ги оставиле наставниците самите да се снајдат како што знаат и умеат. Не можете да најдете датотеки со алатки (тулс) што им се даваат на наставниците за работа. Нема никаков водич, а да не зборуваме за аудио-визуелни извори, кои сега се обидуваат да создадат нешто само за нижите одделенија, што е многу непрофесионално.

Без вина на наставниците, и кај учениците и родителите создадена е конфузија. Додека универзитетите горе-долу поставија свои платформи за учење од далечина, Министерството за образование, наместо да се знгажира за што подобар тек на овој процес, со своите одлуки или поточно неодлуки и нејаснотии, неизмерно го има комплицирано овој процес.

Министерството треба да создаде наставничко досие. Треба да создаде упатства и алатки произведени од самото министерство, со цел да се создаде соодветен систем, а не да ги остави некоординирани како што е ситуацијата сега. Училиштата работат со различни платформи, па потоа имаме случај кога една паралелка од едно училиште работи со една платформа, додека другото одделение од истото училиште работи со друга платформа.

Ситуацијата е уште покомплицирана за учениците. Да не заборавиме дека имаме голем број семејства кои ги немаат потребните услови и техничка опрема за учење од далечина. Го потсетуваме министерот за образование дека на 27 март 2020 година, на барање на Министерството, го прими списокот на ученици кои заради социо-економската состојба се изјасниле дека не се во можност да ја следат наставата преку Интернет, со цел за нив министерството да обезбеди електронски помагала за настава за комуникација.

Иако на барањето на министерството беше одговорено во рок од 24 часа, за жал учениците сè уште не се снабдени со ветените алатки и голем број од нив сè уште не проследиле ниту еден час онлајн!

Бараме појаснување и одговори каде се закочи ова барање. Или тоа беше блеф во рамикте на многубројните празни ветувања.

Ние како Алијанса и во претходната реакција изјавивме дека учениците треба да бидат третирани исто и под итно треба да се обезбедат електронски средства за сите, доколку министерството не е во можност да го реализира тоа што го вети, треба да започне да размислува за нови мерки!

При оваа прилика, само го пренесуваме заклучокот од извештајот на ОЕЦД, каде што во однос на онлајн наставата, Северна Македонија е рангирана под регионалниот просек со оценка од 1/4. Просекот од регионот за ефективен пристап до онлајн наставата е 1/3.

Бараме министерството да излезе со јасен план и предлог за тоа како го планирало крајот на учебната година, главно во однос на оценувањето, така да и децата и наставниците и родителите бидат соодветно информирани. Фактичката состојба има создадено вистински хаос во сите можни односи меѓу горенаведените страни.

Дадоа датум дека учениците треба да бидат оценети за првото тромесечје, но не понудија никаква Методологија за тоа како да се врши оценувањето.

Ова е и последица на не искористеноста на ресурсите, односно педагошките средства тестирани и избрани од страна на министерството. Ресорното министерство не консултирала ниту еден Педагошки факултет. Нема побарано подготовка на педагошки материјали со цел да се олесни работата на наставниците во овој поглед. Бирото за развој на образованието се занимава со една т.н. платформа, што е, всушност, полу-платформа каде не постои никаква можност за интерактивност и создавање на ученичко досие. Како последица, учениците и наставниците се соочуваат со невиден стрес. Министерството, со ад хок барање нареди оценување на учениците без да им даде никакви работни алатки и упатства за тоа како да се изврши оценувањето.

Министерството за образование има обврска за секој предмет да обезбеди упатство, вредни дигитални алатки и педагошки потенцијал, со цел да им овозможи на наставниците да го сублимираат текстот, гласот, видеото и други ресурси со цел создавање на мултимедијални материјали.

Предлагаме отворање на ЈуТјуб канал за информирање, презентирање и комуницирање со секторите за образование на државно ниво.

Министерството, покрај половична платформа, не даде никакви упатства за дигитални алатки и апликации за едукативни цели, каде што таа е претплатник или има создадено сметка. Знаеме дека уште денес некои добро воспоставени апликации за учење од далечина обезбедуваат бесплатни сметки (акаунти) за училиштата. Предлагаме да се искористи оваа можност. Потребно е само едно барање преку  е-емаил до компанијата. Очигледно, од министерството не знаат да  да го сторат тоа.

Денес, додека јас зборувам, немаме информации колку наставници имаат услови за онлајн настава, колку од нив имаат компјутери или Интернет, колку од нив имаат камери. Не знаеме колку ученици се активни во онлајн наставата, колку од нив имаат компјутери, интернет и камери. Тоа р затоа што Министерството не направи никаква анализа во овој правец.

Постојат многу примери на држави кои ја прават оваа идентификација и потоа преземаат мерки за да им помогнат ним, како што е основањето на фондови за помош.

Целата оваа состојба ја отежнува владината одлука за привремено намалување на платите на работниците во образованието. Со оваа одлука се суспендира додатоците на плата во секторот за образование.

Ние како Алијанса за Албанците ја изразуваме нашата солидарност со сите наставници кои се против намалување на платите. Во ова време кога тие и физички и психички се преоптоварени, со ова скратување добиваат силен удар од државата. Наставниците треба да бидат последната категорија во општеството чиј џеб треба да се чепне.

Во оваа линија, Алијансата за Албанците, безрезервно го поддржува Наставничкиот колегиумот во Северна Македонија, кој изрази несогласување со овие кратења. Јавноста треба да знае дека овие кратења можеби изгледаат незначителни, но вкупната сума е прилично голема, што значително ги погодува џебовите на наставниците. Само за илустрација: Наставник со 30 години работно искуство зема додаток на плата од 15 проценти и кога се додава класниот час, неговата плата се намалува приближно за 100 евра. Да не зборуваме за наставници кои работат со комбинирани паралелки и во тешки услови, на оваа сума се додаваат уште 70 евра. Значи, стануваат 170 евра. Пресметката ни дава 40% намалување на платата.

Треба да знаете
Последни објави