Некој го донел коронавирусот на пазарот во Вухан, вели кинескиот амбасадор во Русија

Амбасадорот на Кина во Москва Џанг Ханхуеи, во своето интервју за „ТАСС“ истакна дека дошле до сознанија кои покажуваат дека коронавирусот можеби се појавил на пазарот во Вухан, но дека таму некој го донел, пренесува српски „Курир“.
Џанг вели дека целата приказна околу вирусот „Ковид-19“, допрва ќе се разоткрива, како и дека целата меѓународна заедница ќе се изненади од добиените резултати од истрагата.

Потрагата за настанувањето на „Ковид-19“, се разви во епска приказна. Благодарение на инсинуациите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вирусот го нарече кинески или вухански, сега Пекинг одлучи одговори на сите обвинувања.

„Пет водечки кинески научни организации собраа податоци од 93 геномски видови од „Ковид-19“, кои се објавени во глобалната база на податоци на основа на податоците од 12 земји од различни континенти“, изјавил Џанг.
Тој во својот необичен настап објаснил дека истражувањата покажале дека најстариот предок на „Ковид-19 вирусот познат како mv1, кој подоцна еволуирал во хаплотип H12 и H38. (хаплотип е група на гени внатре в еден организам кој е наследен од еден предок)…

Преземено од reporter.mk

Треба да знаете
Последни објави