На некои работи како јајца, стиропор или гумени кукли, не им е местото во микробранова печка, а пожарникарите на оваа листа ги додадоа и заштитните маски, поради пандемијата на коронавирусот.
Пожарникарите се соочиле со пожари по наводите на социјалните мрежи дека маските можат да се дезинфицираат во микробранова печка.
Со зголемената препорака од здравствените служби и властите ширум светот да се носат заштитни маски, луѓето бараат лесен начин да ги исчистат по употреба, а микробрановата печка се покажала како добра можност за тоа.
„Тоа е ложа идеја и претставува голем ризик од пожар“, предупредува протвпожарната служба од сојузната држава Вирџинија на „Твитер“.
There are reports of masks being sanitized in microwaves, this is a major fire hazard, please DO NOT place masks in the microwave for any period of time. Instead, follow CDC mask cleaning guidance https://t.co/8jKq2rxKS9. Thanks and stay safe. pic.twitter.com/2ps1B98q3y
— Arlington Fire & EMS (@ArlingtonVaFD) April 20, 2020
„Ве молиме НЕ ставајте маски во микробранова печка, дури и за кратко време“.
Пожарникарите во Масачусетс објавија фотографија од запалената кујна, предупредувајќи ги луѓето за загрижувачкиот тренд на ставање маски во микробранови печки во обид да се убијат бактериите собрани на нив.
Проблемот, меѓу другото, е во тоа што некои маски имаат метална жица што ги обликува кога ќе се стават преку носот, со цел подобро да стојат на лицето.
Германските противпожарни служби предупредуваат дека овој метал може да заискри во микробрановата печка и да ги запали маската и микробрановата, а во најлош случај и целата куќа.