Производител на респиратори стана најбогатиот човек на земјата

Ли Ситинг, коосновач и претседател на компанијата „Шенжен Миндреј биомедикал електроникс“, стана најбогатиот човек во Сингапур.

Секој месец е побогат за милијарда долари, бидејќи цената на акциите на неговата компанија за медицински апарати, вклучително и респиратори, скокна за речиси 50 проценти како резултат на пандемијата на коронавирусот.

„Саут Чајна морнинг пост“ пренесува дека вредноста на компанијата, според податоците на „Блумберг“, пораснала од 4,3 милијарди долари на 13,5 милијарди американски долари од почетокот на оваа година.

Ли Ситинг е роден во кинеската провинција Анхуи, но живее во Сингапур од 2018 година. Акциите на неговата компанија се зголемија со појава на епидемијата на коронавирусот во централната кинеска провинција Хубеи.

Нарачките за нашите производи нагло се зголемија во март, соопшти компанијата одговарајќи на весникот, и додаде дека добиле нарачки од 100 земји за медицински апарати за борба против коронавирусот. Компанијата соопшти дека примила нарачка за околу 10.000 респиратори само од Италија, одбивајќи да наведе колкава е цената на еден апарат.

Треба да знаете
Последни објави