Трамп: Борис е во неверојатна форма, спремен е за акција

Британскиот премиер, Борис Џонсон, е во неверојатна форма откако заздрави од коронавирусот, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Тој звучеше неверојатно, како стариот Борис. Подготвен е за акција. Одличен е”, рече Трамп по неодамнешниот разговор на двајцата лидери.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, изјави дека премиерот закрепнува и е ментално добро, додека „Дејли мејл“ извести оти Џонсон планира да им се врати на работните обврски во понеделник.

„Таа одлука треба да се донесе во консултација меѓу премиерот и лекарите. Јас разговарав со него вчера, тој е во добра форма и јасно е дека заздравува“, рече Хенкок.

Треба да знаете
Последни објави