Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) на своите 55 членки им го пренесе ставот дека треба да се доиграат националните првенства и шампионите да се добијата на теренот, а не на маса. Но, за разлика од претходните ставови кога УЕФА беше децидна дека нема да ги признава администартивните претставници за анстап во мешународните клупски натпреаврувања, сега ретерира. Во Нион ќе прифаќаат незавршени национални првенства и нивни претставници само со „оправдание од владите“ во земјите каде нема да се доигра сезоната. Властите во државите можат да донесат уредби со која нема да дозволат да се одржуваат спортски активности во државата и то во интерес на новнастанатат ситуација со пандемијата ќе мора да се почитува.
Претседателот на УЕФА Александер Чеферин ова им го соопшти на челниците на сите земји членки и очекува да нема предвреме да има прогласени шампиони како што тоа беше случај во Белгија. Но, и доколку сепак некоја федерација се одлучи за таков потег, во предвид да се земат тековните табели во националните шампионати. Ова се коси со правилото за УЕФА коефициент, но сепак Европската куќа на фудбалот сака да биде донесено фер решение за да бидат вреднувани постигнатите резултати од тековната сезона.