Јанушев: Струмичка фирма во четири очи од Шилегов доби тендер за Дрисла вреден 12 милиони денари

Додека Република Македонија се бори со корона пандемијата, додека луѓе умираат, желбата на власта за криминал е на највисоко ниво – се „тера“ тендер во Дрисла од 200 илјади евра, кој и се додели на струмичка фирма блиска до луѓето на Заев, обвини генералниот секретар на СДСМ, Игор Јанушев.

„Додека граѓаните се принудени да седат дома заради кризата со корона, додека расте бројот на заразени, додека докторите и медицинскиот персонал се без заштитна опрема, блиските луѓе на Зоран Заев најдоа погоден момент да земаат огромни тендери од Град Скопје и Шилегов и тоа ни помалку ни повеќе, по пат на преговарање во 4 очи.

, се работи за тендер доделен во 4 очи од Град Скопје, односно од ЈП Дрисла на фирмата „Алпима Градба ТИМ“ ДООЕЛ Струмица, на 18 март оваа година, во вредност од 12.390.000 денари или 200 илјади евра. Тендерот е за наредните 3 месеци и е за изнајмување градежни машини на ЈП Дрисла.

Сопственик на оваа фирма која е и единствен понудувач по пат на преговарање во 4 очи и која го доби тендерот од над 12 милиони денари во вонредна состојба е веќе познатиот на јавноста Александар Пиперевалиев, а фирмата е регистрирана во Струмица.

Она што е интересно за оваа фирма е дека ова е прв и единствен тендер добиен во изминативе неколку години, фирмата воопшто нема искуство со работење тендери и уште поинтересно е дека својот подем оваа фирма го доживува од 2017 година па навака, откако СДСМ доаѓа на власт. Од 2017 до 2018 профитот кај оваа фирма нараснал за над 3000%. Целиот обрт во 2018 година на фирмата е 12 милиони денари, а сега одеднаш во еден тендер се добива сума од истата висина.

Пиперевалиев е тесно поврзан со фамилијата Заеви, каде што е близок бизнис ортак со Горан Крстев во фирмата за канабис „Бул билдинг“ Струмица, кој е пак доскорашен бизнис ортак со семејството Заеви преку фирмите „Сара Јавор“ и „Сара Инжинеринг“.

Пиперевалиев дополнително на јавноста и е познат по апсењето на неговиот бизнис партнер во Србија, Предраг Куловија, а според медиумите се водеше истрага за него и бизнис партнерот на Заеви, Горан Крстев“ порача Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави