Во Германија бројот на заразените се искачи на 150.901, според податоците кои ги објавија министерствата за здравство во сите германски покраини.
Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, бројот на заразени лица е зголемен за 2.337 во изминатите 24 часа.
Бројот на починати достигна 5.350, што претставува зголемување од 230 во споредба со претходниот ден.
Покраина со најмногу заразени е Баварија, со 39.939 инфицирани и 205 смртни случаи, по што следи Северна Рајна-Вестфалија со 31.106 заразени и 173 мртви.
Петцифрен број на заразени лица има уште Баден-Виртемберг со 29.912 и 270 починати.
Репродукцискиот број на вирусот, кој покажува колку луѓе може да зарази едно инфицирано лице изнесува 0,9.