Денеска Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски однесе 50 оброци за вработените во службата за итна медицинска помош во Поликлиника Букурешт и 50 оброци за вработените во Полициската станица во Бутел.
Овие луѓе се на правата линија и деноноќно се грижат за нашето здравје и безбедност во екот на оваа пандемија зафатена со коронавирусот.
Општина Бутел, во неколку наврати дели оброци за вработените во сите смени на полициската станица во Бутел и медицинскиот персонал.
Апелираме до граѓаните да останат дома за неопходни работи да излагаат со заштитна опрема и да држат дистанца помеѓу себе минимум 2 метра.