Црвени дамки на кожата и симптоми на инфаркт се нови знаци на зараза со ковид-19

За коронавирусот и болеста ковид-19 секој ден сè повеќе се дознава, што не изненадува, бидејќи станува збор за потполно нов вирус, досега непознат за науката.

И понатаму главните и основни симптоми на ковид-19 се зголемена температура и сува кашлица, но во меѓувреме се појавија уште симптоми, кои научниците ги класифицираат во, исто така, јасни показатели дека станува збор за инфекција со коронавирусот.

Еден од тие симптоми се ненадејни црвени дамки на кожата, како изгореници од коприва. Лекарите забележале и честа појава на промени на кожата во форма на лажни смрзнатини. Во моментот, научниците од Националното здружение на дерматовенеролози сè уште размислуваат за овие симптоми и не изразуваат конкретни ставови и проценти…
Преземено од slobodenpecat.mk

Треба да знаете
Последни објави