Чешката влада порано од планираното ќе ги укине мерките против коронавирусот

Чешката влада во четвртокот донесе одлука да ги забрза плановите за ублажување на мерките за изолација, па така истите ќе завршат на 25 мај, а не на 8 јуни, како што првично се предвидуваше, соопшти чешкиот министер за индустрија и трговија, Карел Хавличек.

На 20 април, чешката влада со отворање на пазарите започна да ги ублажува мерките преземени кон средината на март, воведени поради пандемијата на коронавирус.

„Можеме да си дозволиме да ги укинеме ограничувањата побрзо, веќе не може да изгубиме ни ден за стопанството“, рече министерот пред новинарите.

Од понеделник, библиотеките и зоолошките градини ќе бидат отворени. Од 11 мај, терасите на кафулињата и рестораните ќе примаат гости, кои ќе можат да седат и во затворен простор од 25 мај, односно две недели порано од првично објавениот датум.

Треба да знаете
Последни објави