Маж на возраст од 85 години, штитеник од Домот за стари лица во Битола и првиот хоспитализиран пациент позитивен на КОВИД -19 во овој град, е меѓу излекуваните од коронавирусот, објави телевизија Канал5.
Битолчанецот по 20 дена лекување, целосно закрепнат и со два негативни тестови вчера бил испратен на домашна нега, вели директорката на болницата во Битола, Билјана Гагачовска.
-Бидејќи се работеше за повозрасен пациент околу 85 години се внимаваше повеќе на тој пациент, му се даваше повеќе грижа во смисла и временскиот период кој што полежа беше подолготраен заради да се спречи да не се појави некое влошување на клиничката слика. Состојбата на пациентот уште во првите денови беше стабилизирана, си одеше се во најдобар тек, се накрена пациентот и општата здравствена состојба, накачи на килажа во добра состојба цело време беше додека беше на одделението. По протокол се направија два контролни тестови кои беа негативни и пацинетот во добра здравствена состојба од аспект на инфективна патологија се испиша и вчера беше испратен во домашни услови, рече Гагачовска.
Гагачовска вели дека успешната борба се должи и на тоа што навремено се реагирало.